
За да се подобри преминот помеѓу образованието и пазарот на трудот треба да се обрне внимание на врската помеѓу образованието и пазарот на трудот: почетната анализа на оваа тема ги истакна заедничките проблеми, како што се:
Студентите не се доволно подготвени за да ги разберат компетенциите потребни за изведување професионални задачи: тие често имаат информации за потребните карактеристични компетенции, но не поседуваат свест за тоа како истите се спроведуваат професионално (т.е. меки вештини); Студентите не се запознаени со светот на бизнисот, па не им е јасно што значат работните услови и околината; Често на студентите им недостасува самосвесност во однос на нивните сопствени вештини, особено во однос на професионалната кариера која што сакаат да ја преземат. Поради ова, потребата од дијалог помеѓу образованието и претпријатијата не е поврзано само со вработувањето: вработувањето е последица на соодветноста на кандидатот за работната позиција, отколку едноставно поклопување на звањата и барањата на позицијата. Повеќе години центрите за кариера работат на унапредување на мобилноста преку стажирања и обуки, со цел да се подобри дијалогот помеѓу академската заедница и претпријатијата од една страна, а да се засили самосвесноста, развојот на меки вештини и трансверзални компетенции на студентите од друга страна. Во рамките на овој процес, исто така предвид треба да се земе одржливоста: студентите треба да поседуваат вештини за самокритика и самопроценка, па поради тоа треба да стекнат вештини за развој на кариера; меѓутоа потребно е да им се понудат можности за разбирање на професиите и кои компетенции ги подразбираат професионалните дејности се подразбираат во реален контекст. Ова значи дека студентите би требало да имаат можност да разговараат со претпријатијата пред да учествуваат на интервјуа за стажирање или работа.

Дипломците и претпријатијата може да имаат корист од виртуелниот простор. Може да се потпомогне соочувањето помеѓу талентираните дипломци и професионалците преку неформални методи за учење. Дипломците може да стекнат подлабоко разбирање за главните црти на бизнис културата, а во исто време претпријатијата имаат можност да се претстават и да го промовираат своето поле на работа. Една алатка за двојни цели!

Мрежни курсеви концентрирани на бизнис култура и етика во работата, преку потенцирање на пр. истражување и иновација, интегриран квалитет (квалитет-животна средина-безбедност), корпоративна општествена одговорност, организација на компанија, улоги, задачи и компетенции во компанијата, стратегиски трансверзални компетенции и др.;
Можности за учество на виртуелни тури во компаниите, како мрежни настани каде што управителите на компанијата ќе ја претстават организацијата и процесите во нивното работење, со можности за одговарање на прашања во реално време (ова ќе биде организирано за мали групи студенти кои веќе ги искористиле мрежните извори достапни за компанијата), како и зачувување на претходните тури; Вежби за самокритика и самопроценка на студентите, во однос на професионалните профили посочени од интервјуата извршени за време на виртуелната тура и за бизнис културата и работната етика.

Во исто време, претпријатијата ќе придонесат кон проектот и ќе имаат корист од работници со дополнителни вештини. Очекуваното влијание на овие целни групи е поврзано со подобрување на дијалогот помеѓу светот на образованието и светот на бизнисот, како и подобрување на ставовите и однесувањето на работодавачите. Исто така, претпријатијата и работодавачите би требало подобро да ја разберат нивната улога во подобрување на вештините на студентите пред нивното дипломирање и во моментот на барање работа.